fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мицкоски тврди дека струјата ќе поскапи до 40 отсто, власта барала совети од него

Укинување на евтината дневна струја од 14 до 16 часот попладне, но не и укинување на ноќната евтина струја и таа во недела.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го повтори својот став дека нема да има значително зголемување на цената на струјата. Конечната одлука, како што рече, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, но очекувањата на Владата се дека зголемувањето нема да биде значително.

Наспроти тоа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и натаму тврди дека струјата ќе поскапи од 30 до 40 проценти. Во краен случај, како што рече на денешниот брифинг со новинарите, одлуката ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а таа, како што појасни, ќе предвидува укинување на евтината дневна струја од 14 до 16 часот попладне, но не и укинување на ноќната евтина струја и таа во недела.

Мицкоски вели дека енергетска криза е глобална, но ја засега нашата земја, а клучната грешка што, според него, власта ја направила изминатиов период е тоа што го оставила ЕВН Хоум сам да купува струја, наместо во процесот на надополнување на недостигот на струја да биде вклучен ЕСМ. Мицкоски појаснува дека ЕВН Хоум е приватна компанија со регулирана дејност, која доколку недостигот го набавувала преку ЕСМ тогаш државата ќе можела да излезе во пресрет и да помогне. Во сегашната ситуација ЕВН Хоум нема да банкротира, според Мицкоски, а сето она што однапред е потрошено наместо на државен ќе треба да биде на товар на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во претстојнава грејна сезона на земјава и недостигаат 300 до 350 евра милиони евра за да го покриеме периодот на грејната сезона. Тој вели дека претставниците на власта побарале совет од него за тоа како да се реши ситуацијата за која тој предупредувал и претходно.https://nezavisen.mk/mickoski-tvrdi-deka-strujata-kje-poskapi-do-40-otsto-vlasta-barala-soveti-od-nego/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close