fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Законот за недела неработен ден пред пратениците

Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.

Собранието на Македонија денеска треба да одржи  седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден. Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.

Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на на последиците предизвикани од пандемијата врз производството и откупот на земјоделските производи и врз производството и откупот на грозјето. Собранието треба да се изјасни и за Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција „Алтеа” во Босна и Херцеговина.

Како последна точка на денешната седница е ставен Извештајот на Европската унија за напредокот за земјата за 2021 година.https://nezavisen.mk/zakonot-za-nedela-neraboten-den-pred-pratenicite-2/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close