fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Цените на бензините остануваат исти, се намалува Екстра лесното масло за домаќинство

Цената на дизелот останува 64,5 денари за литар.

Цените на бензините и дизелот остануваат исти, а за половина денар се намалува само цената на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Тоа значи дека и следните седум дена цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75 денари за литар. Цената на дизелот останува 64,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 64 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,189 денар/килограм и ќе изнесува 39,864 ден/кг.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close