fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Доделени првите договори на младите земјоделци, добитници на грант до 10.000 евра

Финансиската поддршка е наменета за млади земјоделци на возраст до 40 години, кои имаат желба и бизнис идеја за започнување земјоделска дејност.

Заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот и заменик – директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и Ремзи Абдилахи, денеска во просториите на МЗШВ, свечено ги доделија првите договори на младите земјоделци, добитници на грант до 10.000 евра.
Финансиската поддршка е наменета за млади земјоделци на возраст до 40 години, кои имаат желба и бизнис идеја за започнување земјоделска дејност. Подршката во форма на неповратен грант до 10.000 евра по корисник, е обезбедена од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.
Интересот на младите да зпочнат сопствен бизнис и тоа токму во земјоделскиот сектор, секоја година расте.
А сето ова значи дека грижата на државата преку поддршката наменета токму за нив, дава резултати!
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close