Наутро ведро и студено, преку денот претежно сончево со слаб северен ветер.

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено утре кога на места ќе се спуштат и под минус 10 степени.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, претежно во западните делови. Од недела попладне ќе има повремени врнежи од дожд.




