fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Абдии млад земјоделец од с. Џепчиште со финансиска поддршка до 10.000 евра

Шпати Шпат Неџбедин Абдии е млад земјоделец од с. Џепчиште, Општина Тетово. Одгледува 52 грла молзни крави, а храната за нив ја обезбедува со сопствено производство на житни и фуражни култури.

Шпати Шпат Неџбедин Абдии е млад земјоделец од с. Џепчиште, Општина Тетово.
Неодамна му беше доделен договор за финансиска поддршка до 10.000 евра за мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Неговата основна дејност е сточарство. Одгледува 52 грла молзни крави, а храната за нив ја обезбедува со сопствено производство на житни и фуражни култури. Неговиот деловен план подразбира набавка на опрема за преработка на млеко, како и опрема за складирање и чување на сировото млеко. Со набавката на оваа опрема тој ќе го модернизира производството, ќе ги намали трошоците а производите од млеко ќе добијат додадена вредност и зголемен квалитет.
Од вкупно 111 апликации, 50 млади земјоделци се добитници на грант до 10.000 евра. Грантовите се неповратни средства и претставуваат иницијална поддршка од државата, за младите земјоделци да можат полесно да започнат сопствен бизнис, да создадат нови брендови на пазарот, да инвестираат во нови дејности преку кои ќе ги реализираат своите идеи.
Ивана, Мирон, Адиса, Никола, Емина и Шпати се само шест од вкупно 50 млади земјоделци, добитници на грант.
МЗШВ уште еднаш им честита на сите, со желба да ја мултиплицираат вредноста на грантот.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close