Нова исплата на субвенции за пчелари, сточари, органски производители…
Бачовски известува за нова исплата на субвенции
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на над 10 илјади земјоделци исплати над 204 милиони денари за субвенции по повеќе мерки.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека им се исплатени средства на сите што аплицирале и исполниле услови за добивање финансиска поддршка за органско производство, за зголемен број грла во основните стада, за задржано женско јаре и јагне, а исплатена е и дополнителната поддршка од 20 % за регистрирани земјоделци.
„На вкупно 778 лица, кои произведуваат органски производи, исплатени им се 113 милиони денари. На сметките на 1.793 субјекти, кои аплицираат како индивидуални земјоделци, исплатени им се 52 милиона денари. На 7.674 фармери, кои ги зголемиле стадата, исплатени им се речиси 39 милиони денари. Над 1,4 милион денари се исплатени за сите што задржале женско јагне, 156 илјади денари се исплатени за сите што имаат задржано женско јаре, а такви се 32 фармери“, информира Бачовски
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средства за субвенции. Во еден ден, без селекција, се исплаќаат средствата за земјоделски субвенции.