fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Лани во Македонија се продале чоколади, бомбони и колачи од ,,КРАШ“ за 4,8 милиони евра

Во овие предновогодишни денови, кога магијата не би била потполна без чоколадните задоволства, ве потестуваме на вкусовите со кои пораснаа генерации

Бајадера, Гриоти, Животинско царство, Дорина…. Вкусови со кои пораснаа генерации, вкусови кои будат и носталгија.  Нема некој, а да не знае дека тоа се вкусови на Краш.

Во овие предновогодишни денови, кога магијата не би била потполна без чоколадните задоволства, ве потестуваме на вкусовите со кои пораснаа генерации – поврзувајќи ве со вашето детство и со чоколадите што ги јаделе и вашите претци. Затоа што верувале или не, претходничката на компанија „Краш“ се формирала во далечната 1911 година кога во Хрватска, Јулије Кониг со своето знаење и искуство за производство на слатки, а Славољуб Дојч со својот капитал, ја создале фабриката „Јунион“. Само две години подоцна фабриката „Јунион“ станала добавувач  за кралскиот двор во Виена и Будим. Во 1920 година, фабриката почнала да произведува меки карамели и десерти.  Уште во тоа време постоел нугат десрт, од кој пред 67 години настанале бомбоните  „Бајадера“ кои името го добиеле по ориентална дворска танчарка. Во повоените години, во 50-тите од минатиот век „Унион“, „Бизјак“ и уште некои помали погони, се обединиле под заедничко име  на антифашистичкиот борц и синдикалец Јосип Краш.

„Унион“ ја преживела Втората Светска војна, а „Краш“ го преживеа распадот на Југославија продолжувајќи со асортиманот во сите поранешни југословенски републики. Во Македонија, како членка на групацијата „Краш“, работи „Краш комерц

За жал, „Краш комерц“, не може да се пофали со добри финансиски резултати во поседните две години. Во 2020 година, производите на Краш во Македонија се продале за 4,82 милиони евра! Бројка која не звучи ни малку непримамливо, но „Краш комерц“ пријавил и расходи од 5 милиони евра, со што годината ја завршил со загуба од 180.000 евра. „Краш комерц“ бил во загуба и во 2019 година од околу 115.000 евра.

Година Приходи Расходи Загуба
2020 4.820.000 евра 5.000.000 евра 180.000 евра
2019 6.187.000 евра 6.300.000 евра 115.000 евра

Извор: Бизнис Мрежа

.https://pari.com.mk/makedonija-cokoladi-bomboni-kolaci/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close