Во Прилеп се покренува иницијатива за измени во Законот за тутун
Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија вели дека тутунарите се незадоволни од досегашната просечна откупна цена. Откупувачите не ценат во прва класа и затоа цената е ниска. Ја поддржуваат иницијативата за измените во Законот за тутун.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески преку попладневна средба денеска со дел од тутунските здруженија од регионот ја почна иницијативата за будно следење на текот на откупот, особено поради незадоволството на тутунарите од откупната цена, иако родот е квалитетен. Денеска се сретна со претставници на дел тутунски здруженија, а ќе се сретне и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, како и со тутунари на откупните пунктови. Според Јовчески, заедно со градоначалниците од Прилепско, преку пратениците, ќе се бараат измени во Законот за тутун за да нема увоз пред да се купи домашното производство.-Тутунот во овој регион е многу битен за локалната економија. Иницијативата ја почнав поради незадоволството на тутунарите од откупната цена. Со градоначалниците од прилепско, преку пратениците ќе ја поднесеме иницијативата да има измени во Законот за тутун за да не се увезува додека не се откупи домашниот тутун. Поднесов и допис до подрачната единица на Земјоделскиот инспекторат да следи будно откупот на тутунот, изјави Јовчески.
Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија вели дека тутунарите се незадоволни од досегашната просечна откупна цена. Откупувачите не ценат во прва класа и затоа цената е ниска. Ја поддржуваат иницијативата за измените во Законот за тутун.
– Тутунарите се незадоволни од просечната цена, а родот е квалитетен. Реалната цена не може да се постигне зашто откупувачите не ценат во прва класа. Од Земјоделскиот инспекторат имаме информација дека досега се откупени околу 7,5 илјади тони по просечна цена од 188 денари за килограм. Тоа, според нас, е неверодостојно. Сме за иницијативата, уште лани се залагавме, да се направат измени во Законот за тутун – да не се увезува додека не се откупи домашниот и да се зајакне улогата на Сојузот на здруженијата за да ги штити интересите на тутунарите, изјави Мирчески.
Годинашнава реколта тутун се цени на околу 22 000 тони.