fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски-Агенцијата во 2021 година оствари рекордни исплати по сите три програми, со реализацијата 99 %

Склучени се договори и преку Националната и преку ИПАРД 2 програмата.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски изјави дека Агенцијата во 2021 година оствари рекордни исплати по сите три програми,  со што реализацијата на средствата е над 99 %, а исто така склучени се и многу договори и преку Националната и преку ИПАРД 2 програмата.

„ Оваа година преку ИПАРД 2 склучивме  507  договори со вкупна побарана сума од 16 милиони евра. Тоа се пари вложени во нови погони за производство на млеко, месо, пекарски производи, колачи,во отворање на туристички капацитети или модернизација на постојните, дел од овие средства се вложени во проекти од мерката Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ изјави Бачовски и додаде дека од денеска, отворен е нов Јавен повик за сите кои имаат потреба да набават систем за наводнување капка по капка, или да направат конструкција на бунари или пак зафати на површински води. Огласот е отворен до 27.јануари 2022 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close