fbpx
Вести

Голем интерес за користење средства од ИПАРД во Кочанско

Во кочанското одделение на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството годинава се поднесени 54 барања за програмите за искористување средства од ИПАРД, како и 12 барања за програмите за рурален развој.
download (1)

– Годинава мошне голем беше интересот на земјоделците за аплицирање на програми за искористување на средства од ИПАРД програмата, за што се поднесени 54 барања, додека по програми за рурален развој на двата огласи се поднесени 12 барања, истакна Захариев.

Големиот интерес на земјоделците, според Захариев, се должи пред се на работата на терен од страна на стручните лица од Агенцијата во Кочани, како и информираноста и одржувањето трибини.

IPARD_461

Захариев информираше и за новата владина мерка за зголемување на субвенциите во областа на оризопроизводството, мерка која ја најави премиерот Никола Груевски при неодамнешната посета на Кочани и предавањето во употреба на турската компанија за откуп и преработка на оризова арпа „Левидиагро“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close