fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во длабока сиромаштија и пред пропаст – деветчлено семејство со 5.000 денари од државата месечно моли за помош

Ниту Нехат ниту неговата невенчана сопруга Тања не работат иако некогаш биле во полна сила.

Оваа скромна новогодишна елка и детскиот џагор кој постојано го има е единствената радост во домот на Нехат и Тања. За нив животот одамна не е лесен. Седумте деца ги издржуваат со само пет илјади денари социјална помош на месец. Ниту Нехат ниту неговата невенчана сопруга Тања не работат иако некогаш биле во полна сила. Низа болести коишто ги имаат сега, ги натераа да бараат помош од добронамерници.

ЈАС ПОРАНО КОГА БЕВ ЗДРАВ РАБОТЕВ И ВООПШТО НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИШТО. РАБОТЕВ ФИЗИЧКИ РАБОТИ И КОЛКУ-ТОЛКУ СЕ ВАДЕА ПАРИ. ЌЕ ИЗВАДИШ ДЕНЕС 400, 500, 600 ДЕНАРИ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТОА ШТО ЌЕ СРАБОТИШ. ЕДНО ВРЕМЕ ОДЕВ ПО ЖЕЛЕЗО, ПО ШИШИЊА И СЕ ВРТЕШЕ ПО НЕКОЈ ДЕНАР КОЛКУ ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ. ЈАС НЕ БАРАМ СЕГА НЕКОЈ ДА МЕ НАПРАВИ БОГАТ. ЕДНОСТАВНО, КОЛКУ МОЖЕ ДА СЕ ПОМОГНЕ. НЕ Е СРАМ ЧОВЕК ДА ПОБАРА ПОМОШ, СРАМОТА Е ДА СЕ КРАДЕ, ВЕЛИ НЕХАТ ЗЕНДЕЛОВИЌ.

Тања Здравковска до лани работела како хигиеничарка во Општина Аеродром. Заради болеста поради која секој ден пие лекови таа веќе не оди да работи, но моли за вработување на најголемиот син кој има 19 години, затоа што барем со една плата многу полесно ќе се издржува ова семејство.

СЕ БЛИЖИ БОЖИК, СИТЕ ДЕЦА ЌЕ ПРОСЛАВУВААТ, А ЈАС НА МОИТЕ НЕМАМ ШТО ДА ИМ СТАВАМ НА ТРПЕЗАТА. ПОГОЛЕМИОТ СИН ИМА 19 ГОДИНИ, АКО МОЖЕ ЗА НЕГО ДА СЕ НАЈДЕ РАБОТА – ЈАС НИШТО ДРУГО НЕ САКАМ, ВЕЛИ ТАЊА.

Домот на Нехат и Тања е социјален стан којшто го добиле од државата, во селото Драчево. До лани во него биле без струја затоа што не без никаква помош не можеле ниту долговите да ги подмират. Сега нивните деца кои одат на училиште не мора да учат на свеќа кога ќе се стемни, но чекаат на помош од некого за да можат да водат достоинствен живот.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close