fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Костените станаа 300 денари килограм, наздравје празници!

Ако во изминатите денови убави костени на Зеленото пазарче во Скопје се наоѓаа за 123-130 денари, сега некои од продавачите цената им ја качија до небо – 300 денари за килограм

Празниците се за уживање, но и за качување на цените. Владата неодамна ги замрзна цените на основните прехранбени производи, но трговците пак најдоа простор да удрат по џебот на граѓаните.

На трпезата за Бадник традиционално се става секакво овошје, а костените, како сезонски производ се неизбежни. Во пресрет на Бадник тие секогаш имаат повисока од вообичаената цена, но овој пат продавачите навистина претераа.

Ако во изминатите денови убави костени на Зеленото пазарче во Скопје се наоѓаа за 123-130 денари, сега некои од продавачите цената им ја качија до небо – 300 денари за килограм. Во зависност од тоа колку се крупни, цената им расте почнувајќи од 250 денари. Се рекламираат како тазе и домашни.

Цената е исклучително висока иако понудата на костени годинава е поголема од кога и да е. Се продаваат на повеќе тезги, заедно со компири, морков, домати… но и на картонски кутии надвор од пазарот.  Ги има на мерење и пакувани во вреќички, а на повеќе тезги се наоѓаат и по пониска цена, од 160 денари за килограм. И за тие костени продавачите велат дека се тазе и домашни, па дури на купувачите им објаснуваат од кое село се набрани.

Но, дали се тазе и домашни и дали се вкусни или не, ќе се дознае дури кога ќе се пробаат на бадниковата вечера. Цените сите ги коментираат, но нели велат, за вкусовите не се дискутира. Наздравје празници!https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close