fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Болеста африканска свинска чума откриена во две одгледувалишта на свињи во делчевско

Директорот на Агенцијата Николче Бабовски, по добиените лабараториски наоди донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

Во две одгледувалишта на свињи во делчевското село Драмче откриено е присуство на болеста африканска свинска чума, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од болеста досега се угинати 14 свињи.

Директорот на Агенцијата Николче Бабовски, по добиените лабараториски наоди донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

„На целата територија на Република Северна Македонија се забранува промет и движење на свињи, одржување на изложби или друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на оваа болест, а до крајот на месецов ќе се спроведе и  вонреден попис на свињите и клинички преглед во огледувалиштата. Во сите ловишта во Источниот Регион, во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип, каде целосно е забранет ловот, ловните друштва и концесионерите на ловиштата имаат обврска да вршат пребарување на ловиштето за пронаоѓање на угинати диви свињи, земање мостри од истите и нештетно отстранување на угинатите диви свињи. Пронајдените угинати диви свињи треба да се пријават кај официјалените ветеринари“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Стручни тимови составени од претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за внатрешни работи, претставници од локалната самоуправа од Општина Делчево и од ветеринарните друштва, од вчерра се на терен и ги спроведуваат наредените мерки со донесеното решение. Во одгледувалиштата каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација на 6 свињи, земени се мостри  за лабораториско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.

„Со цел уништување на вирусот, во овие одгледувалишта извршена е и темелна дезинфекција на просторот и опремата, преземени се и мерки за нештетно отстранување на свежо месо, подготовки од месо и производи од месо кои се затекнати во фрижидерите во домаќинствата во чии одгледувалишта е потврдено присуството на болеста. Во заштитната зона со радиус од 3 километри околу потврдените жариштa, вкучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, се спроведува попис и клинички преглед на сите одгледувалишта, а воведена е и забрана за движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од оваа зона. За утврдување на можниот извор на заразата во одгледувалитата од заштитната зона ќе се изврши и епидемиолошко испитување како и одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи од кои ќе се земаат мостри за лабораториско испитување. За одгледувачите на сила е и мерката за задолжително пријавување на секој сомнеж на болеста и на угинување на животни“, додаваат од АХВ.

Во зоната под надзор која ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Селник, Косевица, Македонска Каменица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Иливо, се забранува движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица. Таму се наредени мерки за следење на состојбата и за спроведување на засилени биосигурносни мерки на фармите, а засилени ќе бидат и контролите.https://sdk.mk/index.php/makedonija/bolesta-afrikanska-svinska-chuma-otkriena-vo-dve-odgleduvalishta-na-svini-vo-delchevsko/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close