Дали едно шише вино вреди 1.500 денари?
Кај вината до некаде е мерлива производната цена врз која влијаат бројни аспекти за кој неинволвираниот консумент не ни сонува дека постојат.
Виното е уметност, како проценуваме вредност на едно уметничко дело ?! Веројатно колку емоција е вткаено во него и со колку зрачи.
Сепак, кај вината до некаде е мерлива производната цена врз која влијаат бројни аспекти за кој неинволвираниот консумент не ни сонува дека постојат.
Пример, за 1500 ден најчесто ќе купите вино за кое е потребно две до три години да се произведе. Тоа врзува средства и ресурси и ги крева трошоците за производство и одржување, како одлежување во посебни садови, скапи бочви за една до макс две употреби и т.н. Ако на тоа вашето вино постигне висок квалитет и успех, секако ќе влијае врз цената и по економски терк понуда-побарувачка. Креирање на брендот преку три четири генерации е тешко мерлив, но е дел од вредноста на виното.
Ако говориме за нашите вина во однос на вината од познатите светски виски региони треба да знаеме дека во светот има заситување на пазарот со вина, а нашите насади се едвам 30000 ha што е само ¼ од Бордо од што следи дека полесно ќе најдеме поевтини вина дури и во славниот Бордо отколку кај нас, но затоа овие од 1500 ден таму ќе бидат 15000, една нула една кула.
Звонко Херцег,
WSET Едукатор и Претседател на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ.https://pari.com.mk/dali-edno-sise-vino-vredi-1-500-denari/