fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За набавка на систем капка по капка 1,8 милион денари. Земјоделците да аплицираат!

Повикот трае до 27 јануари годинава.

Заинтересираните земјоделци може да аплицираат за кофинансирање на систем за наводнување капка по капка, конструкција на бунари и за други зафати на површинска вода, информираа Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

Овоштарите од кумановскиот регион најногу се заинтересирани за оваа мерка, информираат од подрачната единица. Повикот трае до 27 јануари годинава.

– До 1,8 милион денари е прифатлива вредност за набавка и сместување на системот капка по капка. Опфатен е целиот систем – од набавка на опрема и приклучни елементи на системот за наводнување капка по капка до компјутеризација. Мерката е широка и ги опфаќа сите активности на земјоделци кои се за модернизација на земјоделски стопанства. Дел од е подмерката 121.4, која е поврзана со кофинансирање на системот за наводнување капка по капка, значи домодернизација, а за конструкција на бунар прифатлива вредност е до 364.000 денари максимум, изјави Џабир Рамадани, регионален раководител на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

Со средствата може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема (филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја, вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациска опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати. Доколку се користи вода хидромелиоративните системи, потребно е да се достави договор од Водостопанство.

За поддршката може да аплицираат земјоделци коишто се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Јавниот повик беше објавен на 29 декември минатата година.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close