Во земјоделството нема кој да работи ни за 1200 денари дневница: Откуп има, производство нема
Се очекува за 10-15 дена да излезат и другите сорти зелка, но треба да се има предвид дека производството во споредба со лани е многу намалено.
Извозот на зимската зелка веќе започнува иако во моментов нема доволни количини. Се очекува за 10-15 дена да излезат и другите сорти зелка, но треба да се има предвид дека производството во споредба со лани е многу намалено.
-Ќе се постигне добра цена на откуп на зимската зелка, засега е 15 денари и без проблем ќе стаса до 20 денари, вели Блажо Витанов, менаџер за продажба на „Император фрут“.Причината за недостигот на зимска зелка може да се лоцира во стратегијата на садењето на земјоделските култури. Повеќето од помалите производители се фокусираат на садење две култури, но ако се случи во една година некоја култура да потфрли веќе следната година луѓето садат нешто друго. За разлика од зимската зелка, годинава пролетната зелка, која за десетина дена ќе биде извадена од под пластениците е застапена за 30 отсто повеќе од лани.https://www.slobodenpecat.mk/vo-zemjodelstvoto-nema-koj-da-raboti-ni-za-1200-denari-dnevnica-otkup-ima-proizvodstvo-nema/