fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаРурална ЖенаТоп вести

Светле Пупунческа-Жените производителки да ги користат поволностите што ги нуди електронската трговија

Пупунческа од Прилеп, магистер е по економски науки. Со семејството произведува бостан, пиперки, кромид.

Светле Пупунческа од Прилеп, магистер е по економски науки. Со семејството произведува бостан, пиперки, кромид. Преку зимата и тестенини. Пандемијата и брзиот начин на живот наложи он-лајн продажба на производеното. Го прифаќа тоа и смета дека е иднината за руралната жена, производителка.

Со Папунческа разговаравме среде прилепскиот градски зелен пазар, еден од најразвиените во земјава. Таа е искрена во споделувањето на искуствата и на она што не очекува. особено во овој пандемиски, а и потоа, постпандемиски период.

– Јас и моето семејство се занимаваме со градинарски производи, поточно со производство на бостан, пиперки и на кромид. Во зимскиот период, кога е завршено градинарското производство се занимаваме со производство на тестенини. Дел од производите ги продаваме преку лични контакти, дел преку социјалните медиуми. Ограничувањата кои ни ги направи ковид-пандемијата, ни ја наметнаа потребата да наоѓаме нови начини на пласман. Најчесто тоа го правиме преку социјалните медиуми, поконкретно преку Фејсбук. На зелениот пазар продажбата има предности, но и недостатоци. Признавам, предност за купувачот е што има директен контакт со производот. Но брзиот начин на живот ја наметнува потребата да се пронајдат нови начини на продажба, вели Светле Папунческа.

Папунческа е радосна што се отвори електронскиот пазар „Наша тезга“,инициран од невладината „Рурална Коалиција“.

– Порталот „Наша тезга“ е одлична можност, особено за нас жените-производителки на организиран начин да ги пласираме производите, и тоа, не само на локалните, туку и на купувачите ширум земјава. Со тоа се подобрува пласманот.  Очекуваме со порталот „Наша тезга“ да ги подобриме пласманот и продажбата, да ја подобриме финансиската состојба, да се скрати времето поминато на тезгите на зелените пазари – транспортот, понудата, а тоа време да го користиме за поквалитетно производство.  На сите жени производителки им препорачувам да ги користат поволностите што ги нуди електронската трговија и ќе допрат до пошироката потрошувачка, заклучува Папунческа.https://nezavisen.mk/zhenite-zemjodelki-godinava-se-na-poteg-kje-zazhivee-li-internet-prodazhbata-na-zemjodelski-proizvodi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close