fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пенизите ќе се усогласуваат со висината на платите

Пензионерите ќе добијат за 2,9 насто повисоки јануарски пензии, согласно законско утврденото покачување.

Пензионерите ќе добијат за 2,9 насто повисоки јануарски пензии, согласно законско утврденото покачување. Ова би значело дека за пензија од 11 илјади денари пензионерите ќе добијат по 320 денати повисока пензија, додека просечната пензија која изнесува 15.900 денари ќе биде повисока за 460 денари. Од фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека пресметките се прават и оти и овој месец граѓаните ќе добијат предвремена исплата на пензиите.

„Согласно законското усогласување со трошоците на живот, јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2,9%. Согласно новото усогласување просечната пензија ќе биде зголемена за 460 денари и ќе изнесува 16 336 ден. Во декември 2021г просечната пензија изнесуваше 15 876 ден.“, наведуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Но, од Партијата на пензионери очекуваат пензиите да бидат дополнително зголемени и покрај законското покачување. Веќе една година се во преговори со Владата, а во текот на овие 10 дена ќе побараат промена на моделот за пресметка на пензии. Според нив пензиите ќе се зголемат во согласност со растот на минималната и просечната плата, а не само да се земаат во предвид трошоците на живот.

„Првата варијанта е пензиите да се услогласуваат со на први јануари и први јули според трошоците на живот и со растот на просечната плата. И втората варијата е да остане во случај ако минималната плата е повисока од 15 насто и просечната за 5 проценти, Владата да може да донесе одлука за усогласување. Ние во наредните десетина дена очекуваме да се најде модел колку да биде зголемена пензијата на пензионерите“, изјави Илија Николовски- Претседател на партија на пензионери.

Во земјава има околу 330 илјади пензионери. Според податоците на статистика 27 проценти од нив имаат пензија до 11 илјади денари, а 23 проценти земаат пензија од 11 до 14 илјади денари.https://alsat.mk/mk/penizite-ke-se-usoglasuvaat-so-visinata-na-platite/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close