До крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 20.000 денари, вели министерката Тренчевска
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека е остварена средба меѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски на која се разговарало за зголемувањето на минималната плата.

Министерката, како што се посочува во соопштението, истакнала дека заложбата на Владата е зголемување на минималната плата на 18.000 денари што е можно побрзо во текот на оваа година и дека социјалниот дијалог со сите засегнати страни продолжува со цел да се изнајде најодржливото решение за сите отворени прашања.
– Порастот на минималната плата ќе продолжи во текот на целиот мандат и до крајот ќе изнесува 20.000 денари. Како Влада и како Министерство постојано работиме на унапредување на работничкиот статус. Го цениме трудот на работниците особено во услови на светска економска и здравствена криза и токму затоа согледувајќи ја економската состојбата на граѓаните, покачувањето на минималната плата е и повеќе од потребно. Затоа мора да има такво покачување, особено ако се знае дека тие предизвикуваат и спирално зголемување на сите плати и во приватниот и во јавниот сектор, рекла Тренчевска.