fbpx
Агро бизнисВестиРурална ЖенаТоп вести

Вангелина Пармачки една од жените во Малешевијата која се бори да не изумре брендираното сирење

Сточарството во Малешевсклиот регион веќе изумира, но има жени кои се уште не дозволуваат да го снема производството на брендираните малешевско сирење и јагне.

Сточарството во Малешевсклиот регион веќе изумира, но има жени кои се уште не дозволуваат да го снема производството на брендираните малешевско сирење и јагне. Една од нив е Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци, која рамо до рамо со нејзиниот сопруг и вработениот овчар работи на бачилото, но и произведуваат сточна храна. Вангелина е една од десетте жени сточарки во Малешевијата, која произведува органско и квалитетено сирење, а може да се вкуси во беровските ресторани и хотели или да се купи директно од нив. Таа е носител на земјоделското стопанство, а овој период имаат и дополнително работа во фармата.https://telma.com.mk/

Семејството Пармачки имаат околу 600 овци, очекуваат за Велигден на пазарот да понудат околу 500 јагниња. Во сточарството и производството на малешевското сирење нема одмор, Вангелина вели се мора да биде точно и во одреден час, но и да се внимава на хигиената во млекарата. Дополнително се грижи и за финансиите, но и за  аплицирање за субвенции и грантови. Таа ги пофали вработените од подрачната едницина на ресорното министерство и од Федерацијата на фармери, кои им помагаат. Но, смета дека државата мора повеќе да им  понуди сточарите, бидејќи имаат потреба од модернизација на фармите, но и да ги задоволат европските стандарди.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close