fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунски здруженија-Државата да ги зголеми субвенциите на 90 денари за сите класи за тутунот

Се запрашала ли државата од што ќе живеат овие 30.000 семејства, велат од новоформираните тутунарски здруженија.

Државата да ги зголеми субвенциите на 90 денари за сите класи за тутунот, бараат новоформираните тутунарски здруженија. Се запрашала ли државата од што ќе живеат овие 30.000 семејства, дали со овие минимални средства ќе отпочнат нова неизвесна реколта, велат од здруженијата.
Почитувани тутунопроизводители, откупната реколта ни е при крај, реколта која што требаше да тежи 22 милиони кг., но поради погрешните политики оваа реколта ќе тежи eдвај 18 милиони, а неоткупен тутун има само заради лошите временски услови кои се неповолни за домашна манипулација или народно кажано паковање на тутунот.
Факт е дека  90% од домашното производство е откупено и се очекува до половината на месец февруари да се откупи и целокупниот род од оваа тешка реколта. Кога реколтата е отежната со неповолни временски услови тоа до некаде наидува на прифаќање како Божја волја, но кога тежината ќе се надополни со подценување на трудот од страна на откупните претпријатија, а згора на тоа и надополнето со немањето на слух и грижа од страна на државата за оваа култура која се смета за важна и стратешка, слободно може да кажеме дека завршуваме уште една неповолна, неисплатлива и не фер производна реколта.
Разочарувачки е и фактот што кавалитетна по род реколта произведена со зголемени трошоци се откупи по катастрофално ниски откупни цени кои не ги покрија ниту производните трошоци. Се запрашала ли државата од што ќе живеат овие 30.000 семејства, дали со овие минимални средства ќе отпочнат нова неизвесна реколта или едноставно ќе ги покриваат дупките во домашните буџети кои се создаваат секој месец од зголемените трошоци за живот, зголемени цени на горивата, зголемени сметки за струја, енергенси за затоплување, или поскапени животни намирници.
Ние како тутунски здруженија цениме дека заради овие состојби државата треба да ги зголеми и заокружи субвенциите на 90 денари по сите класи за да се ублажи загубата на тутунарите, за што ќе испратиме и официјални барања до владата.За да не се повтори  ситуацијата каква што ја имаме во моментов, тутунарите да се незадоволни и сериозно да размислуваат да го напуштат производството заради ниските цени на класите и неисплатливоста.
Затоа апелираме дека е крајно време Сојузот кој ги зема нашите пари да седне на маса со сите засегнати страни и да ги реши проблемите на тутунарите. Периодот е краток, а новата реколта е на прагот и наше е да предупредиме. На  наша пресконференција одржана на 27 08 2021 година, навремено предупредивме, но тоа наше предупредување за жал не го сфати ниту државата ниту откупувачите, стои во дописот до медиумите од страна на новоформираните тутунарски здруженија.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close