fbpx
Агро бизнисВестиМеханизацијаТоп вести

Менде Димитриевски-Џон Дир е бесмртен трактор

Имаме стар трактор Џон Дир од пред 56 години и моето искуство вели дека е ‘петка’, кај овој трактор ништо не се расипува, вели Димитриeвски.

Менде Димитриевски е фармер од Битола кој за потребите на своето земјоделско стопанство се одлучи да купи трактор Џон Дир 5045D 4WD со кабина од ексклузивниот дистрибутер за овој бренд во нашата држава „Синпекс“ ДОО Битола.

Со долги децении семејна традиција со работа на фарма и сопствено производство на сточна храна, Димитриевски воопшто немал дилема дека новиот трактор треба да биде од светски познатиот бренд Џон Дир. За овие трактор тој вели дека се бесмртни, и не се расипуваат ако со нив домаќински се управува.

-Џон Дир тракторот е неспоредлив со другите трактори, иако и тракторите од другите брендови имаат исти коњски сили сепак Џон Дир има поголема влечна сила и далеку, далеку е подобар од сите други машини. Ние имаме стар трактор Џон Дир од пред 56 години и моето искуство вели дека е ‘петка’, кај овој трактор ништо не се расипува. Оваа машина е неверојатна, направена е едноставна и функционална. Ако редовно се прави сервис, се менува масло и се експлоатира како што треба, Џон Дир е бесмртен трактор, вели Димитриeвски.

Нашиот фармер уверува дека тракторите Џон Дир се направени беспрекорно, а особено е воодушевен од изработката и функционалноста на кабината.

-Кабината како е направена е чудо. Се одлучив за трактор со кабина зошто се случува и по 5 до 10 часа дневно да си на трактор, особено во сезона, а кабината штити и од топло и од ладно. Кабината има парно, внатре е доста добро средена, а не како старите кабини што беа како колиба. Овие кабини се одлични, вели Димитриeвски.

Фармата на семејството Димитриeвски брои 30 крави, сами произведуваат храна обработувајќи 30 хектари плодна земја, со пченка, луцерка и под ливади.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close