
Вести
Со 226 килограми крап порибена вештачката акумулација „Гратче“
Со 226 килограми крап, рибарите од Кочани, ја порибија вештачката акумулација Гратче. Акцијата се спроведува по пауза од десетина години. Ова е дел од планот на активности на кочанското рибиловно друштво Кочански рибар, што од неодамна е и концесионер со акумулацијата, едно од познатите викенд места за кочанчани.
Стаменков. ги предупреди пасионираните риоболовци да ги почитуваат законските одреби за риболов. Тоа значи, дозволено е да ловат само по едно парче риба дневно со тежина до три килограми и со должина не помала од 40 сантиметри. За прекршување на прописите следуваат ригорзни казни од 1000 евра и повеќе.





