Во Новаци ќе се гради фотонапонска централа
Инвестицијата ќе биде реализирана во катастарските општини Билјаник и Рибарци и ќе зафаќа површина од 57 хектари покриена со фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори.
ДТПУ Меј Груп ДОО Експорт импорт Скопје е компанија која ќе започне да гради фотонапонска централа, една од најголемите фотонапонски централи од 50 MW во општина Новаци, информира секторот за односи со јавност на општина Новаци. Инвестицијата ќе биде реализирана во катастарските општини Билјаник и Рибарци и ќе зафаќа површина од 57 хектари покриена со фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Со новата инвестиција општина Новаци како локална самоуправа создава услови нејзината трериторија да биде ставена во Стратегијата за развој на енергетиката која ја изработува МАНУ и да биде обележана како точка на мапата во која постојат услови за инвестирање во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, посочија од локалната самоуправа.https://nezavisen.mk/vo-novaci-kje-se-gradi-fotonaponska-centrala/