fbpx
Вести

ЕУ средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој

 

eu sredstva za poddrshka na zemjodelstvoto i ruralniot razvoj

Целта на ИПАРД 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини

Првиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија – ИПАРД-програма за периодот 2014-2020 година ќе биде објавен во јануари 2017 година. Огласот ќе го објави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а истиот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување во дневните весници.

Во рамки на ИПАРД 2014-2020 се предвидени 60 милиони евра ЕУ средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој во Република Македонија.

Целта на ИПАРД 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини.

Финансиските средства од ИПАРД-програмата 2014-2020 од јавниот повик се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Во новиот ИПАРД 2 се очекуваат поголем интерес за средствата, особено од преработувачката индустрија. Имено, на досегашните јавни повици се јавуваа во просек од 15 до 19 компании кои се занимаваат со преработувачка дејност на земјоделски производи. ИПАРД-програмата, покрај тоа што е наменета за земјоделците нуди и одлични можности за модернизирање на преработувачката индустрија.

Програмата ИПАРД 2 има олеснување во критериумите и зголемување на кофинансирањето. Имено, во мерката која е наменета за поддршка на земјоделските стопанства и задругите кофинансирањето е зголемено од 50 отсто, колку што беше во ИПАРД 1 на 60 отсто. Во ова програма се вклучени и житните и индустриски култури, како прифатливи сектори за поддршка на набавка на механизација и опрема.

Во мерката Диверзификација на фарми и развој на бизниси, која е наменета за микро и мали претпријатија во рурални средини кофинансирањето, е зголемена на 65 отсто. Оваа мерка има најмало искористување во ИПАРД 1, а истата претставува одлична можност за отворање нови бизниси во рурални средини, како што се микро и мали преработувачки капацитети за храна и пијалаци, занаетчии, капацитети за рурален туризам и услуги во рурални средини, како градинки, старски домови, фризерници, козметички салони, автомеханичарски работилници…

Преку оваа мерка првпат е овозможено и кофинансирање на постројки за производство и продажба на енергија од обновливи извори, како геотермална, соларна енергија, енергија на ветер и вода, преработка на растителни и животински отпадоци…

Во рамки на првиот програмски период на користење на ЕУ фондовите за македонското земјоделство и рурален развој ИПАРД 1 беа потпишани над 1.300 договори со вкупна вредност на кофинансирање од 24 милиони евра.

Тагови

Слични написи

6 Comments

  1. What should I do if I have doubts about my partner, such as monitoring the partner’s mobile phone? With the popularity of smart phones, there are now more convenient ways. Through the mobile phone monitoring software, you can remotely take pictures, monitor, record, take real – Time screenshots, real – Time voice, and view mobile phone screens.

  2. sugar defender ingredients Including Sugar Protector into my daily
    program total well-being. As somebody that prioritizes healthy
    eating, I value the additional protection this supplement
    gives. Because beginning to take it, I have actually discovered a significant
    renovation in my power degrees and a considerable reduction in my
    need for undesirable snacks such a such a profound influence on my every day
    life.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close