fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ССМ ќе блокира патишта, фабрики и институции

Донесена е и одлука за организирање собир пред Собранието на 10 февруари со почеток во 11 часот

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека 300 членови на штрајкувачките одбори и синдикалните одбори донеле едногласна одлука за организирање различни форми на притисок со цел да се зголеми минималната плата на 18.000 денари.Ќе се блокираат фабрики, институции и патишта, велат од ССМ.

Донесена е и одлука за организирање собир пред Собранието на 10 февруари со почеток во 11 часот со општ повик до сите граѓани, работници и симдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18.000 денари.

За следната недела е најавено продолжување на закочените преговори со Владата и работодавачите, откако вчера работодавачите побараа државна помош за исплата на евентуалната зголемена минимална плата.

Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски  најави дека доколку не се прифати предлогот за минимална плата в четврток на седница во Влада ќе има протести низ цела држава.

„Повеќе од сигурно ќе очекувате бидејќи ние немаме назад каде да одиме, толку сме притиснати од луѓето, од членството, работниците да нема што ние да попуштаме или да преговараме за понизок износ. Она што ќе го видите од четврток натаму ќе биде токму тоа – блокирање на фабрики, институции, улици и.т.н“, порача Пешевски во вестите на ТВ21.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close