fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Најавеното зголемување на температурите не е закана за предвремено потерување на овошките

Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките.

Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките.

Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се уште им годат на земјоделските култури во услови на презимување.

Останува и препораката, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките зашто операцијата е обемна, а битно е да се заврши навреме.

-Снежната покривка на планините влева надеж за полнење на акумулациите кои се на многу ниско ниво, но ваквата снежна покривка се уште не е доволна, оценуваат агрометеоролозите. /МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close