fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Нов програмски циклус на ИПА 2023-2024

Покрај тековните проекти финансирани од ИПА 2015 и ИПА 2019, ќе се реализираат и проекти од ИПА 2021, како градба на мали системи за наводнување и продолжување на уредувањето на пазарите за земјоделските производи.

Тековните ИПА проекти што се реализираат во секторот, нивниот прогрес и предизвиците со кои се соочуваат беа во фокусот на денешниот редовен работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со раководителот за соработка на Делегацијата за ЕУ Стефен Худолин и програмските менаџери за секторот земјоделство и рурален развој.

Како што објави министерот Николовски на својот фејсбук-профил, покрај тековните проекти финансирани од ИПА 2015 и ИПА 2019, ќе се реализираат и проекти од ИПА 2021, како градба на мали системи за наводнување и продолжување на уредувањето на пазарите за земјоделските производи.

– На мое големо задоволство Делегацијата на ЕУ најави и отпочнување на нов програмски циклус на ИПА 2023-2024, напиша Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close