Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Во Валандово започна исплатата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди
Обештетување за -град – јуни 2020 година -слана – април 2021 година
Локалната самоуправа од Валандово започна со исплатата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди за периодот 2020-21 година.
Средствата се обезбедени со одлука на Владата од Буџет и тоа како надомест за претрпената штета на земјоделците од:
-град – јуни 2020 година
-слана – април 2021 година
Ќе бидат исплатени близу 37 милиони денари на 469 граѓани од општина Валандово, кои претрпеле штета од невремето во наведените два наврати.
Штетите се нанесени на земјоделски култури и на градежни објекти на физички и правни лица од општината.
Заеднички се справуваме со предизвиците, си помагаме и продолжуваме кон нови цели, објави на својот фејсбук-профил Перо Костадинов, градоначалникот на општина Валандово.