fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски-Во Преспа со ИПАРД II се склучени околу 400 договори во вредност од 4.5 милиони евра

Ресенчани се одлични корисници на ИПАРД II програмата

Јаболкопроизводството е земјоделска гранка која беше дел од ковид поддршката која се исплаќаше на крајот на 2021 со цел надминување на последиците од КОВИД пандемијата, вели директорот на Платежната агенција Никица Бачовски по посетата на Ресен и средбата со јаболкопроизводителите.
2.200 производители во декември добија 189 милиони денари како дополнителни 3 денари / кг со што се реализираше ветувањето дадено само неколку месеци претходно.
Поддршката за јаболкарите од Ресен се зголемуваше во неколки наврати во годините наназад со што субвенцијата / хектар јаболка достигна 50.000 денари.
Ресенчани се одлични корисници на ИПАРД II програмата преку која во преспанско се склучени околу 400 договори во вредност од 4.5 милиони евра.
На средбата ја дискутиравме новата програма за директни плаќања за 2022 година во која токму преку овоштарството го започнуваме приближувањето кон европските аграрни политики. Висината на поддршката за зелена нафта ќе се зголеми за 13% со цел приспособување на новите цени, а од 2022 година ќе бидат тргнати сите ограничувања за регистрираните земјоделци, со што сите ќе можат да бидат корисници на дополнителната мерка за 20% поголеми субвенции, порачува Бачовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close