fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Оризопроизводителите заедно со тутунарите, лозарите и овоштарите најавуваат дека протестите ги селат во Скопје

Оризопроизводителите лути на игнорирањето на власта на нивните барања одлучија да ги преселат протестите во Скопје.

Оризопроизводителите заедно со тутунарите лозарите и овоштарите најавуваат дека протестите ги селат во Скопје пред министерството за земјоделство, владата и собранието за да го изразат своето незадоволство од состојбата во која се наоѓа целото земјоделство. Протести во Облешево повеќе не планираат да организираат бидејќи таму никој не го слушал нивниот глас заради што го радикализираат пристапот и ги селат протестите пред институциите кои одлучуваат за судбината на земјоделците.

Клучните барања на оризо производителите се да се најде начин како оризовта арпа која 70% не е продадена да се откупи, ковид мерката од 3 денари да важи за сите односно да се продолжи можноста и тие што не го предале оризот да ја добијат таа помош, да се зголеми подршката за нафта и субвенциите за да знаат дали воопшто да планираат да ги подговтуват нивите за пролетната сеидба со драстично зголемените цени на ѓубривата и другите репро материјали. Министерот Николовски на вчерашната прес конференција најави дека откако ќе завршат со анализите за состојбите министерството наскоро ќе предложи мерки и за јаболко производителите но и за оризо производството.

https://kanal5.com.mk/orizoproizvoditelite-najavuvaat-deka-protestite-kje-gi-preselat-vo-skopje/a515680

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close