Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Абдулшуќур Абедини е новиот заменик министер за земјоделие
Досегашниот заменик Трајан Димковски се откажа од користење апанажа и останува во МЗШВ.
Срдечно добредојде за новиот заменик – министер Абдулшуќур Абедини, од редовите на коалицискиот партнер Алтернатива.
Денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски официјално му ја предаде функцијата на новиот заменик-министер, Абдулшуќур Абедини.
Димковски останува и понатаму да работи во Министерството и се откажа од законската можност да користи апанажа. Тој му посака многу успех во работата на новиот заменик-министер и заеднички да продолжи реализацијата на зацртаните цели за континуиран развој на земјоделскиот сектор.
МЗШВ продолжува со сиот капацитет, со силна агенда и теренски активности за директен контакт со земјоделците. Министерството има нови програми, нови проекти, нови идеи кои имаат единствена цел, европско, развиено и конкурентно земјоделско производство, објавија од МЗШВ .