fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Патот Демир – Хисар – Кичево е во катастрофална состојба, локалните жители бараат негова реконструкција

ВИДЕО

Жителите од демирхисарските села денеска излегоа на протест и со земјоделска механизација и автомобили 2 часа го блокираа регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, со барање Владата да ја реконструира оваа делница од околу 40 километри, која е во исклучително лоша состојба. Патот е стар речиси половина век, преполн е со ударни дупки, а на места асфалтот е целосно раскопан.

ОВОЈ ПАТ Е ГРАДЕН НЕКАДЕ 1973 ГОДИНА И ДОСЕГА НЕМАЛО НИТУ ЕДЕН ЗАФАТЕН, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е. ИЛУЗОРНО Е ВО 21 ВЕК ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ВАКВИ ПРОБЛЕМИ, ЗА ПАТИШТА, ВЕЛИ РОБЕРТ ЕНДЕКОВСКИ ЖИТЕЛ НА СЕЛО ЖВАН.

Оваа делница ги поврзува Битола и Демир Хисар со Западниот дел од државата, многу е  фреквентна, а жителите се жалат дека растојанието за кое треба половина час, го минуваат за повеќе од еден час. Велат дека автомобилите им се распаѓаат и ги поправаат секој месец, а на време не можат да пристигнат ниту возилата на итната помош или противпожарните служби.https://telma.com.mk/

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close