СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги лаже земјоделците, поддршката за земјоделството е зголемена и навремена
Цветан Трипуновски да не се обидува да го покрива скандалот со признанијата во предметот „Титаник" преку прес-конференции на кои ги лаже земјоделците, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Факт е дека додека беше на власт, ВМРО-ДПМНЕ постојано го газеше трудот на земјоделците, субвенциите не ги исплаќаше редовно и ги користеше како средство за уцена.
Со погубните и криминални политики во земјоделството, ВМРО-ДПМНЕ остави 350 милиони евра неисплатени субвенции кои ги исплати Владата и Министерството предводени од СДСМ.
Денес,како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ ги лаже земјоделците.
Не е точно дека се кратат средства за субвенции. Напротив, средствата за финансиска помош за земјоделците редовно се зголемуваат, а исплатата на субвенциите е неселективна, редовна и навремена.
Вкупната поддршка која годинава ќе оди кај земјоделскиот сектор е предвидено да надмине 205 милиони евра. Износот на капиталните развојни мерки и политики е се поголем а годинава се воведуваат и неколку нови програми.
За разлика од потценувачкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците, СДСМ гради партнерски однос со агро секторот и во време на криза исто како и претходно постојано го поддржува земјоделството како една од клучните стопански гранки.
Таа разлика ја гледаат и земјоделците и затоа не им веруваат на лагите од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да ја лаже јавноста, целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски треба да поднесе оставка по вчерашните признанија на поранешни високи функционери на партија дека свесно правеле изборни нерегуларности.