Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Ново поскапување на горивата
Бислимовски вели дека Македонија има најниска цена на дизелот во регионот, која изнесува 1,19 евра за литар.
Горива повторно поскапуваат, најави денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој денес информира дека бензинот поскапува за еден денар, а дизелот за 0,5 денари.
-За жал ова е осма недела како поскапува. Како РКЕ не можеме да влијаеме на цената на горивата, имајќи ја во предвид структурата. Цената на бензините отпаѓа на набавната цена која што е на берзите и немаме никакво влијание. Соодветно на тоа е и курсот на доларот, рече Бислимовски во емисијата „Студио 10“.
Тој додаде дека Македонија има најниска цена на дизелот во регионот, која изнесува 1,19 евра за литар.