fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од 1 март нема веќе замрзнати цени, потврди Бектеши

Од 1 март повеќе нема да има замрзнати цени, но ќе има одмрзнување на производните маржи на странските производи увезени во трговијата. Главно ова ќе бидат основни прехранбени производи, рече министерот за економија Крешник Бектеши денеска пред медиумите.

– Ќе се оди со дефинирање на одредени профитни маржи и во трговијата на мало и на големо за производите кои се увезуваат во Македонија. Нашата забелешка е дека кај производите што не ги произведуваме, односно ги увезуваме, има поголемо зголемување на цените и според тоа ќе се оди најверојатно со опцијата на маржите, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Од претходно, министерот најави дека маржата ќе може да се фиксира така што ќе се следат фактурите на трговците доставени при увоз до Царинската управа и ќе се следи ланецот на набавка до самите маркети, а таа нема да може да биде поголема од 5 отсто.

https://fokus.mk/od-1-mart-nema-veke-zamrznati-tseni-potvrdi-bekteshi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close