Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Зголемен водостојот на Дојранското Езеро
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,89 метри повисок од повеќегодишниот просек за февруари. Нивоата, пак, на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 12 сантиметри кај Охридското и за 1,62 метра кај Преспанското Езеро, кое е на два сантиметра под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм).
Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава со исклучок на реката Струмица на мерното место кај Сушево каде нивото е малку повисоко од просечното. Најголемо намалување на водостојот има Вардар на мерното место кај Јегуновце каде нивото е речиси четири пати пониско од просекот за овој период од годината.