Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Облачно со дожд и постудено
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со температура за 6 до 8 степени пониска во споредба со вчерашната и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен до засилен северен ветер и со пониски утрински температури.