fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Иднината на земјоделството е во имплементирање иновативни технолошки решенија

Иднината е во имплементирање современи и иновативни технолошки решенија. Земјоделскиот сектор мора да се модернизира и да биде поддржан со брз проток на информации, напиша на својот фејсбук профил ресорниот министер Љупчо Николовски.

Тој денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна имаше средба со претставници од академската заедница и бизнис секторот.

-Ја поздравувам и поддржувам идејата за проектот „Паметна специјализација” чија примена ќе овозможи поголема конкурентност на домашното производство преку нови технологии. Земјоделското производство ќе се модернизира и ќе се намалат производствените трошоци, наведува министерот.

Според него, МЗШВ при креирање на развојните политики става акцент на младите земјоделски професионалци преку вакви проекти.

-Модерните решенија и иновации треба да бидат двигатели на развојот и да ги носат позитивните промени во општеството, подвлекува министерот Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close