fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во време на пандемија и субвенции, големите маркети трупалe профити

Нето профитот на националните ланци се движи од 2 до повеќе од 8 милиони евра.

Одредени национални ланци на маркети во периодот 2020/21 година, во време на пандемија, оствариле огромни профити, рече во вечерашната Топ Тема на Телма министерот за економија Крешник Бектеши, кој ги објасни причините за носењето на мерката ограничување на маржите, која стапува во сила од први март. Тој истакна дека тоа е период кога големите маркети биле поддржани од владата со субвенции. Според завршните сметки што ги покажа, нето профитот на националните ланци се движи од 2 до повеќе од 8 милиони евра.

-Еден од нив во 2020 имал нето-профит од 4 милиони евра, друг 2 милиони евра и помал е, а трет имал профит од 8,5 милиони евра, а нема ни 10 маркети низ државата. Имаме 5 национални ланци кои имаат заработка од минимум 3 милиони евра, а одредени кои немаат ни 10 супемаркети во државата, заработиле над 5 милиони евра. Сите овие беа поддржани директно од владата во време на пандемија, и со плати и со сѐ. Ние сме повикувале на солидарност, да не биде на товар на граѓаните, рече Бектеши во гостувањето на емисијата „Топ тема“.https://nezavisen.mk/vo-vreme-na-pandemija-i-subvencii-golemite-marketi-trupale-profiti/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close