fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трговската размена со Русија лани изнесуваше околу 200 милиони долари, што не чека годинава

ВИДЕО Земјоделството, прехрамбената индустрија, винарската, фармацијата, дел од автомобилската индустрија, металната и компаниите  кои се поврзани со набавка на енергенси- ќе трпат големи штети од Руската инвазија на Украина и  од економските санкции кои ги воведоа западните сојузници кон Русија.

Земјоделството, прехрамбената индустрија, винарската, фармацијата, дел од автомобилската индустрија, металната и компаниите  кои се поврзани со набавка на енергенси- ќе трпат големи штети од Руската инвазија на Украина и  од економските санкции кои ги воведоа западните сојузници кон Русија. Компаниите стравуваат  дали ќе ги наплатат парите од договорите тешки милиони евра, откако дел од руските банки се исклучени од  системот СВИФТ мегународната финансиска мрежа за трансфер на пари. Не се на чисто ниту дали долгорочните договорите се  прекинуваат и како да најдат нов пазар за пласман, но и за увоз на производи и суровитни. Се чекаат и контрасанкциите на Русија, откако земјава воведе за нив.

Трговската размена со Русија лани изнесуваше околу 200 милиони долари, од кои 56 милиони се извоз. Третина од земјоделските производи завршуваат на руски пазар, исто и околу 2,4 милиони шишиња вино чија тенденција била годинава извозот да порасне. Виси пласманот на дел од македонскиот ајвар, јаболка, праски, нектарини, рана зелка, лекови. Во хаос се и компаниите од металната индустрија чии набавки од тој пазар се стопирани, а неизвесна е и набавката и цените на енергенсите.

Реагираат транспортерите- велат трпат финансиски загуби. 20-до 30 повратни туери за и од Украина и Русија пропаѓаат. Велат нема ниту возачи кои би ризикувале да возат натаму.

Покрај директните штети од Руско-Украинскиот конфликт врз компаниите, штети ќе има и домашната економија. Глобалните случувања како раст на цените, како на струјата , нафтата, гасот, храната индиректно ќе се прелеат и кај нас. И светските и домашните аналитичари се децидни дека глобалната економија ќе доживее голема криза, ќе расте инфлацијата, а можна е и рецесија. Според познавачите најголемиот цех од ова нова криза ќе го почувствуваат граѓаните. Ќе расте инфлацијата – трошоците за живот – а ќе паѓа нивниот стандард.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close