fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Намалување на акцизите за 50 отсто – за пониски цени на горивата, предлага ВМРО-ДПМНЕ

Со ваква мерка, според опозициската партија, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари

Намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50 проценти ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ во закон што ќе го достави до Собранието, најавија утрово од партијата. Реализација на ваква мерка, како што велат ВМРО-ДПМНЕ, ќе влијае директно на намалување на цената на горивата.

„ВМРО-ДПМНЕ дава конкретен предлог за заштита на стандардот на граѓаните и директна помош на економијата. Со предлог-закон ќе побараме намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50 отсто. Оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата. Бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари“,

се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според проценките на партијата, ова не значи само заштеда на семејствата туку и во транспортот и во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close