fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пекари: Цените не ги корегиравме, а брашното секој ден поскапува

Прилеп станува град на производители на леб, а прилепскиот леб се разнесува низ целата земја. Според информациите што ги добивме утрово, и по одмрзнување на цената на лебот, цените од овие пекарници останале исти, но неизвесно е какви ќе бидат понатаму.

Кога беа замрзнати цените на брашното, всушност беше замрзнато брашното тип 400, а ние месиме од тип 500

Прилеп станува град на производители на леб, а прилепскиот леб се разнесува низ целата земја. Според информациите што ги добивме утрово, и по одмрзнување на цената на лебот, цените од овие пекарници останале исти, но неизвесно е какви ќе бидат понатаму.

– Кога беа замрзнати цените на брашното, всушност беше замрзнато брашното тип 400, а ние месиме од тип 500, така што во јавноста беше направена една оптимистичка илузија дека и за нас цената на најважната суровина ни е со замрзната цена. Со цената на лебот одвај издржуваме. Растот на цените е огромен. Цената на брашното секој ден се зголемува. Таму од каде што набавуваме, во четвртокот беше 24 денари, во петокот 25 денари, вчера 26 денари за еден килограм. Нас ни требаат огромни колчини, така што тој еден денар стануваат големи пари. Исто така, неколкукратно се зголеми и цената на струјата, а постојано се покачува и бензинот –велат во една од поголемите прилепски пекарници, но побараа да не посочиме од која.

Дали ќе успеат да ја задржат сегашната цена на лебот, оттаму велат дека зависи од тоа дали брашното ќе продолжи да поскапува. Засега во оваа пекара, но и во другите прилепски пекари за кои тие собрале информации, цените се непроменети.

– Од друга страна сме соочени и со нелојална конкуренција, затоа што во Прилеп веќе не се знае колку пекари за леб има, но јавна тајна е дека дел од нив работат на диво – вели нашиот соговорник кој објаснува дека состојбата е толку алармантна што размислува да го прекине снабдувањето со лебот од ова пакара во некои градови поради скапиот транспорт, како и да го намали прозводството.https://www.slobodenpecat.mk/pekari-cenite-ne-gi-koregiravme-a-brashnoto-sekoj-den-poskapuva/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close