
Вести
Европските пари – недостижни за земјоделците
Европските пари се недостижни за македонските земјоделци поради економската немоќ сами да ги покријат инвестициите, но и обемната и сложена процедура за пријавување. На денешната презентација на програмата ИПАРД 2, земјоделците се интересираа дали е олеснет начинот на аплицирање, бидејќи тоа е најголема причина за неискористување на средствата.
Зголемено финансирање на земјоделските инвестиции, но и олеснување на постапката за пријавување најавуваат за програмата ИПАРД 2, која ќе трае до 2020 година. Од Министерството за земјоделство велат дека интересот расте, а со дополнителните измени очекуваат дека ќе се искористат предвидените пари за Република Македонија.





