fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно, со дожд

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови со врнежи од дожд и снег, на планините и на повисоките места со врнежи само од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од утре следува период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои пониски места.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close