fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тренчевска: Ќе ги унапредиме правата на руралните жени

До сега направивме многу активности во насока на унапредување на положбата на жените од руралните средини, меѓутоа тука нема да застанеме, вели министерката.

Преку отворен дијалог и дебата ќе дојдеме до заедничко решение, за предлогот на Националната федерација на фармери во делот на остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа на вчерашната  презентација на Анализата за изнаоѓање на правен механизам – „Заедно до успех“, подготвена од Националната федерација на фармери на Македонија, посочи дека процесот во унапредувањата на правата на жените земјоделки ќе биде транспарентен со вклученост на сите засегнати страни.

„До сега направивме многу активности во насока на унапредување на положбата на жените од руралните средини, меѓутоа тука нема да застанеме. Ќе продолжиме да креираме нови политики кои ќе значат дополнително подобрување на статутот на жените од руралните средини. Во новите законски решенија за родовата еднаквост и за работните односи, се вметнати најдобрите европски практики, и очекуваме да дадат нова димензија во концептот на еднаквост. Тие се подготвува во соработка си сите засегнати страни бидејќи напредок може да има само со вистински партнерски однос. Заедно треба да работиме и на промена на традицијата и менталитетот, земјоделскиот имот подеднакво да се дели и на момчињата и на двојчињата во семејството,“рече министерката Тренчевска.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close