fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Војната удри и врз македонските земјоделци и транспортери

Компанијата Император Фрут која своите производи ги пласира на украинскиот пазар, вели дека сите нарачки се откажани.

Македонските земјоделци и возачи на камиони први го почувствуваа ударот од руско-украинската војна на свој грб. Нарачките откажани, а празни камиони чекаат производи за транспорт.

Праски, нектарини, јаболка, рана зелка се дел од македонските производи кои деновиве не стигнаа до рускиот и украински пазар поради руската инвазија врз Украина. Околу 30 до 40 проценти од произведената млада зелка во земјава до сега завршуваше на украинскиот пазар. Компанијата Император Фрут која своите производи ги пласира на украинскиот пазар, вели дека сите нарачки се откажани.

„Сите нарачки што ги имавме се откажа, затоа што знаеме каква е ситуацијата таму, оти војната е во пол ек и генерално сликата е многу лоша, за понатаму ако не се смири ситуацијата, не предвидувам добро сценарио за нашите продукти кои завршуваат на тој пазар,“ вели директорот на продажба во компанијата Блажо Витанов.

Тој објаснува дека до сега по еден камион дневно заминувал кон Украина и седумте камиони за минатата недела се откажани. Компанијата „Императорот Фрутс“ на украинскиот пазар пласирале млада зелка, корнишони и краставици и пиперки. Витанов додава дека имаат проблеми со пласман на младата зелка која во наредни две недели ќе треба да се продаде. Тој вели дека веќе почнале да бараат Б план, односно се обидуваат да ги пласираат производите на европските пазари, но тоа пак им носи нови проблеми.

„Затоа што со Украина како најголем купец на нашата зелка, ние веќе имавме воспоставено некакви стандарди. Таму одеше и поситна зелка со мала грамажа, и сега ќе биде многу деликатно сета таа роба да се пласира, а да нема никакви последици ни по нас ни по земјоделците. Затоа што сите европски супермаркети со кои соработуваме бараат робата да биде наместена во одреден број во гајба, исчистена без лисја, додека во Украина немавме толку високи стандарди во пакувањето на пример“ вели тој.https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close