Вести
Со сопствен бренд винариите може да најдат место на странските пазари
Создавање на сопствен бренд, препознатлив по своите карактеристики е единствениот начин со кој може да се пласира македонското вино на европските и светски пазари. Креирањето на сопствен бренд во областа на виното не е само трговска марка. Напротив тоа е стил кој треба да се наметне на потрошувачот.
За компаниите да успеат да се задржат на пазарот потребно е создавање и на нови производи кои се специфични за нашето поднебје, а по својот аромат ќе бидат успешни амбасадори на нашата држава.