fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Годинава за рурален развој се предвидени 1,3 милијарди денари

Владата на вчерашната седница ја изгласа Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. 

Владата на вчерашната седница ја изгласа Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за оваа година е во вредност од 1,3 милијарди денари.

-Оваа програма има за цел да бидат остварени политиките на рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини. Да обезбеди стабилно производство на квалитетна храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството, обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство, како и промовирање на нови начини на организирање на локално ниво, преку основање на јавни приватни партнерства (ЛАГ), се вели во соопштението од Влада

Програмата има за цел и да пружи поддршка на економско здружување на земјоделски производители во форма на земјоделски задруги, зачувување на генетската разновидност на автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток, помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close